spot_img
37.8 C
Skopje
среда, јули 14, 2021
spot_img

Раскошна сала за банкет е откриена во близина на Стариот град на Ерусалим

Раскошна сала за банкет е откриена во близина на Храмска гора, религиозно место во Стариот град на Ерусалим.

Археолозите сметаат дека ВИП гости и елитата биле пречекани таму пред 2.000 години.

Оваа зграда имало две одделни простории одделени со ходник, како и гостинска соба во која елитата можеле да ручаат и да седат на дрвени софи, тврдат експертите.

Велат дека можеби се работи за некој вид градска куќа пред подоцна да се подели на три комори и пред да се додаде базен или ритуална бања.


Шломит Векслер-Бдолах, која го предводела овој проект, вели дека без сомнение е една од највеличествените јавни зданија од тој период, кое било скриено зад sидовите на Храмска гора во Ерусалим, пишува Дејли Меил.

– Оваа градба веројатно извршувала јавна функција, можеби била градско собрание, каде што биле примени важни луѓе пред да влезат во храмот и во Храмска гора, додаде таа.

Една од двете простории била откриена во 1867 година, но неодамна е откриена и другата, како и салата.


Таа изјавила дека може да се види дека владетелите на Ерусалим сакале да остават свој белег во ова здание.

Ископувањата откриле дека салата, која сега е отворена за јавноста, не била во употреба од VII век.

-Посетителите сега ќе можат да го видат целиот сјај на ова место: две споредни простории служеле како простории за прием, а меѓу нив имало прекрасна фонтана од која течела вода, објаснува д-р Векслер-Бдолах.

– Веруваме дека во просториите за гости, кои исто така се користени и за јадење, имало и дрвени софи кои не се зачувани, додаде таа.

Салата за банкет е украсена и со извајани пиластри со венци, рамни потпорни столбови и коринтски капители на врвот.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести