spot_img
37.8 C
Skopje
среда, јули 14, 2021
spot_img

ПЛУСИНФО: Повторно затворен предметот „Тортура”! ЈО не понуди нови докази за да го убеди судот во издржаноста на обвинението

Нема ништо спорно и незаконито во приведувањето на Љубе Бошкоски пред ресторанот „Воденица” во јуни 2011 година, тврди и докажува одбраната на обвинетите.

Конфузниот настап на Јавниот обвинител и неможноста да понуди докази со кои би ги разграничиле дејствијата кои им ги ставаат на товар на секој од обвинетите е само навреда на Судот и игнорирање на насоките дадени за дообјаснување на обвинението, изјави денеска одбраната, откако предметот „Тортура” беше вратен на дополнително појаснување на фактите.

Адвокатот Миле Петревски истакна дека наводите на ЈО не заслужуваат коментар, бидејќи не наведува никаков доказ за делата кои им ги ставаат на товар на обвинетите.Тој посочи дека одбраната не предлага нови докази затоа што нема ниеден аргумент од страна на ЈО.

Пред 30-тина дена, кога јавноста очекуваше судот да донесе пресуда после завршните зборови на одбраната, судијката Ристовска одлучи да му даде уште една шанса на обвинителството. Образложението беше дека во текот на целиот процес не успеале неспорно да го убедат судот во вината на обвинетите за да може да се донесе пресуда.

„Од сите изведени докази на главната расправа за судот неспорно е дека се случил одреден настан, но во целост не е јасно кој од обвинетите кое дејствие на извршување го презел или каков е тој битен придонес кон извршување на делото имајќи ја предвид правната квалификација на законското битие на кривичното дело кое им се става на товар на обвинетите како соизвршители. Ова дотолку повеќе што обвинението е конципирано на начин што дава еднаква правна квалификација за сите сообвинети така што ги товари дека сите презеле исти дејствија на извршување, па за судот остана нејасно кој од обвинетите кое дејствие и со колкав интензитет и обем го презема. Исто така, нејасен е каузалитетот меѓу преземените дејствија и настаната последица односно кое дејствие е каузално кон извршување на кривичното дело и настапување на последицицата“, рече Ристеска на 17 јуни.

Адвокатот Љупчо Шврговски посочи дека Судот треба да одлучи на начин поволен за обвинетите, бидејќи ЈО не успеало да го убеди надвор од секакво разумно сомневање ниту при повторно дадената можност за изнесување на нови докази.

Тоа значи дека на Судот и натаму ќе му остане нејасно врз основа на кои правно релевантни факти и докази се базира обвинението.

Во такви случаи, кога обвинението не е докажано вон од секакво разумно сомнение, треба да биде применета одредбата од чл.4 од ЗКП, која го содржи процесното правило „in dubio pro reo”, смета Шврговски.

Тоа значи дека судот мора да биде потполно уверен во постоењето на фактите што го чинат обележјето на кривичното дело, или во спротивно  да донесе ослободителна пресуда.

За одбраната е неприфатливо тоа што ЈО го игнорира фактот потврден од сведоците дека тогаш приведениот Љубе Бошкоски пружал активен и пасивен отпор, непочитувајќи ги полициските наредби „Стој полиција! Застани полиција!”.

Обвинетиот Ивица Анчевски посочи дека трите сведоци на кои се повикало ЈО се целосно контрадикторни.

„Третиот сведок кој го наведува јавниот обвинител – Далибор Трајковски, дава контрадикторен исказ, а во службената белешка бр.1720 од 06.06.2011 година  напишана своерачно непосредно после приврдувањето на Љубе Бошковски ,дал јасен опис на настанот, од  пристигнувањето на Љубе пред ресторан Воденица со пмв, како Љубе се упатува во ресторан Воденица, како за некое време излага од ресторанот, како држел хартиена ќеса, како полициски службеници издаваат јасни предупредувања, полициски наредби,  како Љубе се дал во бегство, како се ослободува од доказот што е кривично дело, на кој начин пружа отпор, како полициските службеници биле принудени да употребат физичка сила со цел доведување на Бошкоски во послушна состојба, како лицето Јовица се обидел да му помогне на Љубе. Од сето ова многу јасно може дека да се утврди дека Бошкоски со своите дејствија придонел полициските службеници да ги применат полициските овлатувања согласно закон и правила и прописи и дека многу јасно е утврдено дека имало отпор, каде и што јасно се гледа и на снимката приложена како доказ”, изјави Анчевски.

„Јас како припадник на полицијата и лице кое раководело со единица во рамките на МВР, не можам да прифатам дека личност како Љубе Бошковски, кој бил ни помалку ни повеќе туку министер за внатрешни работи, не знаел кои постапки треба да ги покрене во истиот момент ако врз него се извршило било какво дело на тортура. Личност која е високообразована, политичар и интелектуалец, која особено добро ги владее сите уредби, акти и правилници, не би молчел дури пет години пред да покрене било каква постапка. Понатаму, од самиот исказ на Бошковски каде кажува дека од притисокот на оружјето останале видливи траги на неговиот образ, лесно проверлив факт бидејќи постои видео снимка непосредно по апсењето каде јасно се гледа дека нема никаков траг на неговиот образ. Истото е потврдено и од сменоводителот Киро Николов, од инспекторите од организиран криминал што непосредно разговарале со него, од адвокатот Љубомир Михајловски (угледен адвокат, министер за внатрешни работи и добар познавач на правото и примената на полициската овластувања), понатаму истражниот судија кој донел решение дека полициското постапување било законито и јавниот обвинител кој два часа седел кај истражниот судија и не приметил ништо”, рече Анчевски.

Судот денеска ја затвари доказната постапка, а по останувањето на ЈО и одбраната на веќе дадените завршни зборови, објавата на пресудата ја закажа за 23 јули во 11 часот.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести