spot_img
37.8 C
Skopje
среда, јули 14, 2021
spot_img

Перез за Дел Боске: Тој е глупак коj нема поим од ништо

Продолжува огромниот скандал со прислушкуваните реазговори на првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез, а кои ги пренесува шпанскиот медиум „ El Confidencial“.

Откако во претходните раазговори, Перез зборуваше се најлошо за Раул Гонзалес, односно Икер Касиљас, две легенди на клубот, во денешното издание објавен е делот од разговорот во кој тој зборува за екс тренерот на Мадрид, Висенте Дел Боске.

Тој го водеше клубот од 1999 до 2003 година, период во кој Реал имаше огромен успех. Освоени беа две домашни титули, две Лига на Шампиони, УЕФА супер куп, и Интернационалниот куп.

„Тој нема никаква врска со фудбал. Не знае како да ги тренира играчите, појма нема од тактика. Тој е глупак. Никој друг не му нуди работа, затоа што знаат сите дека не е добар тренер. Тој е најголемата измама која ја имам сретнато во животот“ – говори Перез на соговорникот.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести