spot_img
22.8 C
Skopje
сабота, јули 10, 2021
spot_img

Дури 600 луѓе резервираа билети од 250.000 долари за да одлетаат до вселената

Додека Ричард Брансон и Џеф Безос тврдат дека не се во трка да бидат првиот милијардер со свое летало во вселената, долга низа богати луѓе се трудат да бидат меѓу најпрвите славни личности што ќе отпатуваат до работ на бесконечното.

Околу 600 луѓе од 58 земји си резервирале билет во вредност до 250.000 американски долари за да бидат во првите тури вселенски туристи, според записите на компанијата. Се верува дека на списокот има познати личности како Леонардо Дикаприо, Том Хенкс, Бред Пит, Анџелина Џоли, Расел Бренд, Лејди Гага, Кети Пери, Џастин Бибер и Ештон Качер.

Бројот на резервациите се одржува релативно ист од 2014 година, кога Спејсшип ту се сруши во пустината Мохаве, при што беше повреден пилотот, а загина копилотот. Некои сопственици на билети чекаат повеќе од 15 години за своите летови, според Ројтерс.

Во февруари минатата година, компанијата спроведе кампања по која влегоа уште 1.000 пријави – овој пат за повратни аванси од 1.000 долари кон цената на целосниот билет кога продажбата повторно ќе почне по летот на Бренсон во неделата.

Вирџин галактик ја проценува вредноста на авансите на 80 милиони долари, а поранешниот извршен директор Џорџ Вајтсајдс изјави за „Инсајдер“ дека очекува вселенскиот туризам на крај да носи 10 до 15 милијарди долари годишно.

Компанијата вели дека има цел да лансира дури 400 летови годишно, превезувајќи до шест патници и по двајца пилоти, кои ќе полетуваат и слетуваат во домашната база „Спејспорт Америка“ во Њу Мексико.

Ако цената на билетот од четвртина милиони долари ви се чини премногу за само неколку минути нулта-гравитација, „Спејспорт“ нуди повеќе од тоа. На „Порта кон вселената“, која беше отворена во 2019 година, идните астронаути ќе можат да ги донесат своите семејства да се дружат со пилотите и ракетните инженери седејќи на италијанскиот мермер во барот „Бариста ајленд“.

Покрај тоа, набавката на билетите вклучува летачки костими по мера со значки со името и национални знамиња, како и дводневна програма за обука на летови со инструкции во училница и симулации на микрогравитација.

Има и планински велосипедизам и возење во балони со топол воздух за авантурата да биде комплетна, бидејќи – зошто да не?

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести