spot_img
26.8 C
Skopje
вторник, јули 6, 2021
spot_img

Доколку вашиот телефон падне во вода, еве што треба да направите

Мора да дејствувате веднаш

Вообичаен совет е дека ако ви падне телефонот во вода, сè што треба да направите е да го ставите мобилниот во сад со ориз и сè ќе биде добро.

За жал, ова е повеќе мит отколку корисен совет.

Без оглед на тоа како се случило, првиот чекор откако ќе го испуштите вашиот телефон во вода е да го отстраните од тоа место што е можно побрзо.

Ќе имате поголема шанса да спречите уште поголема штета ако сопрете течноста да влезе во вашиот телефон. Во овие ситуации, секоја секунда е важна.

Веднаш штом ќе го подигнете телефонот, исклучете го. Идејата е да се запре протокот на струја низ уредот со цел да се намали ризикот од краток спој што може да предизвика непоправлива штета.

Ако имате заштитен филм на вашиот телефон, извадете го и извадете ја СИМ-картичката и microSD.

Потоа, ако можете да го направите тоа брзо, извадете ја батеријата од телефонот за да се исуши одделно.

За жал, ако ви паднал вашиот iPhone во вода, ќе треба да го прескокнете овој чекор за да заштедите клучно време.

Потоа започнете да ја бришете водата. Земете чисто парче ткаенина, салфетка или крпа и внимателно избришете ги капките вода што останале на телефонот.

Внимавајте да не внесете ненамерно течност во ниту еден отвор, како што е приклучокот за слушалки или звучникот.

Наместо тоа, оставете вода да се впие во ткаенината околу овие чувствителни области.

Не полнете го вашиот мобилен телефон додека не бидете сигурни дека е целосно сув, бидејќи полнењето на уредот што сè уште има вода може да предизвика дополнителна штета.

Apple ве советува да почекате најмалку пет часа откако телефонот ќе ви се исуши

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести