spot_img
25.8 C
Skopje
понеделник, јули 5, 2021
spot_img

Вуков возеше на Муџело подобри времиња од лани за цела секунда

Ристо Вуков го комплетираше вториот гран при викенд во Порше Карера Куп Италија за оваа сезона, но трките во Муџело донесоа и убави моменти, но и мали разочарувања за македонскиот возач.

Условите за натпревар на една од највозбудливите патеки за возење беа прекрасни, но Вуков жали за нереализираниот потенцијал, бидејќи откако се пласираше на 15 место во квалификациите, на два пати освои бодови за пласманите на 13 место.

– Секогаш настојувам да бидам самокритичен, да ја барам грешката кај мене и да се обидам да се подобрам, но за жал овој викенд констатирав дека мојот автомобил не беше доволно добро подготвен за оваа трка. Управливоста не беше на потребното ниво, едноставно имав чувство дека постојано „ми се лизга од раце“, особено во втората трка. Немав перформанси за да се впуштам во дуел со ривалите, а тоа најмногу го посакував. Првично бев разочаран, но откако направивме анализа, увидовме дека кај мене лично има голем напредок споредено со минатата година, а јас лично чувствував дека можам и повеќе, но бев хендикепиран со лимитето на возилото.

Ристо Вуков – РикоСезона 2020Сезона 2021
Квалификации1:51.8811:51.555
Најбрз круг Трка 11:53.7211:52.648
Најбрз круг Трка 21:53.4551:52.678

– Лани токму на отворањето на сезоната во Муџело, кога прв пат седнав да возам во Порше Карера Куп Италија, имав времиња (во трка) кои беа една секунда послаби од годинешниве, додека времињата на водечките се останати исти, разликите во најдобриот круг во трка се едвај некоја десетинка. Напредокот кај мене е видлив, но лани во трката имаше 22-23 автомобили, а годинава 34. Тогаш успеав да освојам пласмани меѓу првите десет, а сега сум на 13 место. Знам дека доаѓам да се натпреварувам со возачи кои тука тренираат со денови и ја познаваат патеката многу подобро од мене, но за жал овој викенд мојот автомобил ја немаше посакувата острина, а пневматиците ги изгубија своите добри својства уште пред половина од трката. Тешко е да се најде мотивација кога на првиот сектор во квалификациите, по само 30 секунди од еден круг што трае две минути, имате една секунда послабо време. Знам дека дадов 100% од себе и во првата трка имав за нијанса покункурентно возило, но имав бавен возач пред мене, а патеката нема многу места за престигнување. Во втората трка, од стартот видов дека промените кои беа направени не даваат плод и сум побавен, па бев фокусиран само да извозам без грешка и да го задржам возилото на патеката. Мислам дека сите заедно во тимот многу научивме од овој гран при викенд и сега ги започнуваме подготовките за следната трка.

Следниот гран при викенд на Порше Карера Куп Италија се вози на 24 и 25 јули, на патеката Имола крај Болоња.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести