spot_img
26.8 C
Skopje
сабота, јули 3, 2021
spot_img

Меркел до силна порака: Иднината на Западен Балкан е во вистинска обединета Европа!

Убедена сум дека иднината на Западен Балкан е во вистинска обединета Европа, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел по повод претстојниот виртуелен самит на Берлинскиот процес, закажан за понеделник, чиј домаќин е Германија.

Во видео порака на неделата, Меркел рече дека е среќна, иако тоа ќе биде само виртуелен состанок, што ќе и овозможи да продолжи да работи со шефовите на држави и влади на Западен Балкан, што беше започнато во 2014 година, како Берлински процес по иницијатива на Германија.

Таа посочи дека е постигнато многу од воспоставувањето на Берлинскиот процес, чија цел е да даде конкретен придонес кон стабилноста во регионот и мирен дијалог.

“Западен Балкан е непосреден сосед на ЕУ. Тој е дел од Европа каде раните на војната сè уште не се залечени, а Германија е дом на голем број граѓани од таа област. За мене е јасно дека земјите од ЕУ мора да имаат интерес за мирен развој на Западен Балкан. практично да се залагаат за развој во тој дел на Европа“, нагласи Меркел.

Таа рече дека процесот во Берлин веќе постигнал одреден успех и во тој поглед, таа особено го издвои неодамна основаниот Форум за млади.

Истакна дека она што долго време се сметаше за невозможно, конечно е можно, а тоа е размена на студенти од различни религии и етникуми.

„Тоа е практичен придонес кон мирот“, подвлече Меркел, додавајќи дека за тоа придонеле и заемното признавање на дипломите, соработката во науката, како и напредокот во инфраструктурните проекти, што се карактеризира со чекори што водат кон зајакнување на прекуграничната размена меѓу граѓаните и надминување на предрасудите.

Младите да живеат во мир

„Сето ова ги води земјите од Западен Балкан напред кон заедничката цел за исполнување на условите за членство во ЕУ. Убедена сум дека, порано или подоцна, нивната иднина навистина ќе биде во обединета Европа“, нагласи таа.

Таа посочи дека сè уште има многу предизвици на Западен Балкан, дека недовербата и национализмите не исчезнале, а билатералните спорови можат да се разгорат во секој момент, поради што е потребно помирување.

Тоа, вели таа, значи надминување на минатото и правење на се што е можно за идните генерации да живеат во мир.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести