spot_img
21.8 C
Skopje
сабота, јули 3, 2021
spot_img

ЕКСТРЕМНИ ГОРЕШТИНИ ВО СЕВЕРНА АМЕРИКА

Официјални лица од Орегон соопштија дека најмалку 63 лица во таа држава починале поради екстремно високите температури.

Портланд и Сиетл забележаа рекордно високи температури од дури 46 степени Целзиусови.

Во Ванкувер, Канада, полицијата соопшти дека од петокот биле регистрирани најмалку 65 ненадејни смртни случаи. Властите предупредуваат дека бројот на мртви може да биде уште поголем, објави Гласот на Америка.

Градот Лејтон, Британска Колумбија, ја забележа највисоката температура некогаш измерена во Канада од 47,9 степени Целзиусови.

Метеоролошката организација на ООН соопшти дека екстремната топлина е предизвикана од „атмосферската блокада“ и дека температурите оваа недела веројатно ќе бидат највисоки на крајбрежјето, а потоа ќе се преселат во внатрешноста на Британска Колумбија и подоцна на исток кон Алберта.

Екстремните температури го зголемија и стравот од пожари, а американскиот претседател Џозеф Бајден вети дека сушните области ќе добијат поголема помош од сојузната влада поради опасност од пожари.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести