spot_img
27.8 C
Skopje
петок, јули 2, 2021
spot_img

Запленети оружје и муниција во Скопје


На 02.07.2021 полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, во координација и содејство со Агенцијата за национална безбедност и СВР Скопје, при извршена контрола во помошни простории во зграда на ул.„Цветан Димов“ во Скопје, пронашле и заплениле автоматска пушка „калашников“, две рамки и 22 куршуми.  Извршен е увид, а пронајдените предмети се дадени на вештачење. Се преземаат мерки за расчистување на случајот кој претставува кривично дело казниво по член 396 од Кривичниот законик. 

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести