spot_img
19.8 C
Skopje
вторник, јуни 22, 2021
spot_img

Филипинскиот претседател Родриго Дутерте: Вакцина или затвор, вие изберете!

Филипинскиот претседател Родриго Дутерте денеска се закани со затвор за оние кои одбиваат да примат вакцина против вирусот корона.

  • Вие избирате, вакцина или ќе ве испратиме во затвор, рече Дутерте во телевизиско обраќање, по извештаите за слабиот одговор на вакцинацијата на повеќе локации во главниот град Манила.

Неговата изјава е во спротивност со претходните пораки на здравствените власти дека вакцинацијата е доброволна, иако е охрабрена, пренесува Ројтерс.

  • Не ме сфаќајте погрешно, има криза во земјата. Јас сум огорчен од Филипинците кои нема да ја слушаат владата, објасни Дутерте.

Од 20 јуни, 2,1 милиони луѓе се целосно вакцинирани на Филипините, што е многу мал напредок со оглед на тоа што целта на владата е да имунизира до 70 милиони луѓе до крајот на годината.

Во земја со 110 милиони жители досега се потврдени над 1,3 милиони случаи на коронавирус, а повеќе од 23 000 луѓе починаа.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести