15.8 C
Skopje
понеделник, февруари 26, 2024

ВИСТИНСКИ ХАОС: ПОЛИЦИЈАТА ЦЕЛА ВЕЧЕР ПРЕКИНУВАЛА КОРОНА ЗАБАВИ

Во градскиот парк во Хамбург, полицијата по полноќ прекинала забава на која се собраа над 7.000 луѓе.

Според полициското соопштение, забавата започнала мирно за во текот на вечерта да дојде до конфликт меѓу собраните и употреба на забранети пиротехнички средства.

Во Аугсбург, Баварија, полицијата во центарот на градот интервенираше по полноќ и ја прекина забавата со 1.400 луѓе.

На другиот крај од градот околу 250 лица блокираа мост, по што интервенираше полицијата.

По тој повод, некои од собраните во правец на полицијата фрлија шишиња и други предмети, повредувајќи неколку полицајци.

Во судирите била нападната и брза помош, по што еден од напаѓачите бил уапсен.
Како што понатаму се наведува во соопштението, за време на немирите, „голема улога“ играл и алкохолот кај насобраните.

Во моментов, во повеќето делови на Германија, постои правило за собирање максимум 250 лица на отворено со придржување кон епидемиолошките мерки.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести