6.8 C
Skopje
среда, март 27, 2024

Секоја чест: Интер ќе го плаќа Ериксен без разлика што не може да игра!

Кристијан Ериксен и натаму е една од главните теми на ова ЕП. Сите вистински фудбалски фанови се радуваат дека тој е подобар, но исто така се тажни дека Данецот нема веќе никогаш да заигра фудбал.

Откако завчера искочи од болница, и тоа со вградено апаратче на срцето, до него стигнуваат пораки со поддршка. Една од тие е од неговиот клуб Интер. Ракководството на шампионот на Италија му порача на Ериксен дека го чека на стартот на подготовките, без разлика што нема веќе да тренира и да настапува за “неро-аѕурите“. Исто така Интер му порачал на Ериксен дека ќе го плаќа и ќе добива плата и покрај тоа што тој нема да биде дел од тимот.

Навистина супер потег на Интер, нема што, секоја чест.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести