spot_img
29.8 C
Skopje
недела, јуни 20, 2021
spot_img

ШАКИРА ЗА ПРВ ПАТ ПРОЗБОРЕ ЗА ДЕПРЕСИЈАТА: Со денови лежев во кревет, а децата не можеа да ме гледаат!

Латино ѕвездата Шакира имала сериозни проблеми со гласните жици пред четири години и дури сега проговори за тој тежок период.

Сериозното оштетување на гласните жици, вели таа, ја довело до депресија. Не можела да зборува некое време, па комуницирала со децата и нејзиниот партнер Жерар Пике со гестикулации.

“Никогаш не мислев дека, од сè, мојот глас, кој е толку вкоренет во мојата природа, ќе ме напушти. Тоа е мојот идентитет, а невозможноста за пеење беше неподнослива”, изјави Шакира за „Гардијан”.

Таа откри како се чувствувала кога станала депресивна.

“Беше многу тешко да се биде околу мене, мојот сопруг го проживеа тоа полошо од мене. Неколку дена не можев ни да станам од кревет затоа што дозволив депресијата да ме совлада. Децата не можеа да ме гледаат затоа што не знаеја што ми се случува“, рече таа.

Лекарите ја советувале да оди на операција на гласните жици, но нејзиниот глас се вратил пред да замине под нож. Поради проблемите со гласните жици, таа морала да ја одложи турнејата во Ел Дорадо во 2018 година, кога целосно се опоравила.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести