spot_img
18.8 C
Skopje
недела, јуни 20, 2021
spot_img

РЕЈВ ЗАБАВА ЗАВРШИ СО СУДИР СО ПОЛИЦИЈАТА (ВИДЕО)

22-годишен маж ја загуби раката, а уште неколку лица беа повредени во судир со полицијата која се обиде да спречи неовластена забава во градот Редон, на западот на Франција, соопштија денес властите.

Немирите се случија на поле недалеку од тој град во Бретања, само два дена пред укинувањето на ноќниот полициски час во Франција, кој е на сила веќе осум месеци, пренесува АП.

Локалните власти проценуваат дека на настанот присуствувале околу 1.500 луѓе, а на полицијата и биле потребни повеќе од седум часа за да ги растера насобраните.

  • Полицијата употреби солзавец и шок-бомби во неколку наврати, додека насилните учесници на забавата фрлаа метални топчиња, гасни бомби и други предмети кон нив, рече префектот на Бретања, Емануел Берти.

Тој ги обвини учесниците на партијата за „екстремно и недозволиво насилство“.
Според него, во тек е истрага за настаните од претходната ноќ, меѓу другото и за тоа како младиот човек ја изгубил раката.

Началникот на регионалната жандармерија Пјер Совегрен изјави дека се верува дека подигнал предмет што експлодирал.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести