spot_img
18.8 C
Skopje
недела, јуни 20, 2021
spot_img

Патниците што пристигнуваат со авион не се сигурни дали слетуваат во вистинскиот град, еве зашто

Сопственикот на механичарска продавница и магацин, над кој се наоѓа воздушниот коридор преку кој пристигнуваат авионите на аеродромот во Сиднеј, реши малку да се забавува со секој што ќе дојде во тој град.

Бред Хесман со големи букви напишал „Добредојдовте во Перт“ на покривот на неговиот магацин на периферијата на Сиднеј, оддалечен околу 3.300 километри од Перт.

Тој за локалните медиуми изјави дека се решил на тој потег со цел да се пошегува малку со луѓето кои пристигнуваат на аеродромот во Сиднеј.

И тој успеа. Некои од патниците споделија и фотографии од авионот, кои се проширија на социјалните мрежи последните денови.

  • Авионите постојано прелетуваат и секогаш кога ќе ги видам се насмевнувам малку на себе – вели Хесман.

Шегата не беше ефтина. Хесман вели дека потрошил околу 4.500 австралиски долари (околу 2.800 евра) на боја.

  • Тоа е специјална боја со кристали во неа што рефлектираат светлина дури и ноќе – изјави тој.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести