spot_img
18.8 C
Skopje
недела, јуни 20, 2021
spot_img

Енрике: Можеби бевме надмоќни, но тоа не беше доволно за победа

Шпанија на вториот меч од ЕП 2020 одигра нерешено и втор пат на домашен терен. По оние 0:0 со Шведска, сега 1:1 со Полска и се најде под голем притисок за пласман во втората рунда. „Фуријата“ беше доминантна на дуелот со Полјаците, имаа и многу неискористени шанси (утнаа и пенал), на крајот противникот искористи една од ретките и зема бод.

Сакам да седнам и подлабоко да го анализирам овој меч. Чувството не е пријатно. Можеби бевме надмоќни на теренот, но тоа очигледно не беше доволно за да победиме. Тие играа храбро, тие се осмелија да нѐ притиснат. Се обидовме да удриме силно, меѓутоа не успеавме. Очекував да играме добро и да создаваме многу шанси за гол, но тоа не беше така. Понекогаш резултатот не е таков каков што посакувам и затоа секојпат морам да го анализирам натпреварот. Имаме два бода, но луѓето очекуваат победи од нас. Мораме да им дадеме радост. Ќе се обидеме да победиме на следниот меч, во спротивно испаѓаме“, рече Енрике.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести