spot_img
22.8 C
Skopje
сабота, јуни 19, 2021
spot_img

АЛЕКСАНДАР ТАРАБУНОВ – ТАРА ЛАНСИРАШЕ НОВ ЛЕТЕН ХИТ: “ЛЕК НА РАНА” ЌЕ ВЕ ОСВОИ НА ПРВО СЛУШАЊЕ (видео)

Александар Тарабунов – Тара дефинитивно е еден од ретките на естрадата кои во континуитет вадат нови песни. Пејачот повторно ги изненади фановите со нова песна, летен хит кој го носи името „Лек на рана“.

Популарниот Тара и со оваа песна во својот препознатлив музички стил со сигурност повторно ќе врти на радио каналите, а сега кога животот повторно се враќа во нормала фановите ќе можат да уживаат и во дискотеките.

За се да биде перфектно во спотот се погрижи Зоран Зонде Стојановски, текстот е дело на Робин Зимбаков, а за аранжманот се погрижија Александар Тарабунов и Роберт Билбилов.

Медиа.мк со свој мал придонес помогна за овој спот да биде вистинско ремек дело и континуирано продолжуваме да ги поддржуваме македонските артисти и македонската музика.



Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести