spot_img
24.8 C
Skopje
петок, јуни 18, 2021
spot_img

Ериксен пуштен од болницата во Копенхаген, прво ги посетил соиграчите

Кристијан Ериксен денеска по успешната операција на срцето, каде му е вграден дефибрилатор кој ќе го мери и контролира срцето, е пуштен од болница. Со вградениот дефибрилатор Ериксен нема да може да игра фудбал, но и онака тој нема скоро да се врати на терените.

Од репрезентацијата на Данска потврдија дека Ериксен ја напуштил болницата, и прво сакал да ги посети соиграчите од репрезентацијата.

„Ериксен мина низ успешна операција и денеска е пуштен од болница. Веднаш ја посети репрезентацијата во Хелсингор и после тоа замина дома за да мине време со својата фамилија“, се наведува во соопштението. 

Се огласи и самиот Ериксен кој што порача дека најважно е што операцијата минала како треба.

„Ви благодарам на огромниот број на пораки кои ги добив. Операцијата мина успешно  и се чувствувам добро со оглед на околностите. Беше сјајно да ги гледам момците во одличниот меч вчера. Нема потреба да говорат дека ќе навивам со целото срце за нив во понеделник против Русија“, рече Ериксен. 

sportmedia.mk

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести