spot_img
25.8 C
Skopje
среда, јуни 16, 2021
spot_img

НОВА БОЛЕСТ СЕ ПОЈАВИ НИЗ ОКЕАНИТЕ

Морски биолози испитуваат мистериозно заболување на кожата, кое се појави кај бело опашестите гребенски ајкули во Малезија. Првите резултати покажуваат дека зголемувањето на температурата на морето е можна причина за болеста.

Ајкулите, именувани по карактеристичните бели врвови на нивните перки, обично одмараат околу гребенот во текот на денот и се популарна атракција за нуркачите. Ноќе, тие стануваат активни во лов на мали риби и други животни.

Фотографиите од една таква ајкула со дамки и рани на главата неодамна станаа вирални на социјалните мрежи. Набргу потоа, групи нуркачи, но и експерти, започнаа да ги гледаат овие промени во скоро секоја група што ќе ја видат.

Во обид да ја откријат причината за болеста, научниците открија дека температурата на површината на морето во Сидапан се искачи на 29,5 степени Целзиусови во мај, што е за еден степен повисоко отколку во 1985 година.

  • Речиси е сигурно дека зголемувањето на температурата на океанот влијаеше на она што го гледаме кај ајкулите во Сипадан, рече Дејвис Остин Спи, морски биолог.

Тој го исклучи човечкиот фактор бидејќи риболов е забранет во областа Сипадан, а исто така во близина нема индустриска зона.

Целокупната научна студија се очекува да заврши наскоро. Кон крајот на мај, научниците се обидоа да фатат неколку ајкули за да обезбедат примероци за тестирање, но не успеаја.

  • Ако би можеле да земеме примерок, сигурно би можеле да најдеме патоген што создава лезии, велат научниците.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести