spot_img
20.8 C
Skopje
вторник, јуни 15, 2021
spot_img

ХОРОР: Автомобил влета во демонстранти и уби една жена (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Една жена е убиена, а две лица се повредени кога ги удрил автомобил за време на протест во Минеаполис, соопшти денеска американската полиција.

Во соопштението се наведува дека демонстрантите го извлекле осомничениот од автомобилот, кој сега е под полициски надзор.

Мотивите за нападот не се познати.

Во Минеаполис се водат протести во врска со убиството на афроамериканецот Винстон Буги Смит, за кој полицијата соопшти дека пукал врз припадниците на безбедносната служба пред да биде убиен.

Безбедносните сили се обидоа да го уапсат Смит по потерница за наводно поседување нелегално оружје.

Видеа се објавени на социјалните мрежи на кои се гледа како демонстрантите го држат возачот и чекаат полицијата да пристигне на местото на настанот.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести