spot_img
15.8 C
Skopje
вторник, јуни 15, 2021
spot_img

Предложени парични казни за непочитување на полицискиот час во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот суд поднесе предлози за издавање казнени налози против четири лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија согласно член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Тројца од обвинетите во селото Побожје, а еден во Бутел биле затекнати додека не го почитувале полицискиот час. За време на забраната определена со прописите за спречување на ширењето на заразна болест, без дозвола се движеле надвор од нивните домови.

Надлежните јавни обвинители за обвинетите предложија парични казни од по 100 дневни глоби со поединечна висина на дневната глоба од 20 евра​.​

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести