spot_img
13.8 C
Skopje
понеделник, јуни 14, 2021
spot_img

ЕКСКЛУЗИВНО ВО”ЛАЗАРОВ ШОУ”: КОГА МОЖЕ ДА СЕ ОЧЕКУВА ПОЧЕТОК НА “BLACK OPS” И ДАЛИ КОНЕЧНО ЌЕ ДОБИЕМЕ МАКЕДОНСКА СЕРИЈА НА “NETFLIX” !? (видео)

Новата емисија на “Лазаров Шоу” е посветена на новата македонска серија “BLACK OPS” во која глуми токму Стефан Лазаров. Овој пат “улогата” на водител ја доби Марко Новески, човекот кој секогаш е насмеан и секогаш “шири позитива”, а македонската публика најдобро го памти од тв шоуто “Дај побрзај”. Гости се главниот актер од серијата Давид Мукка и “домаќинот” Стефан Лазаров, инаку во серијата претставени како “американецот” Конор и Петар Бабиќ.

“Невообичаената” премиера на “трејлерот” привлече голем интерес за серијата, а јавноста и публиката се чини дека имаа многу прашања, а малку одговори. Затоа сега Давид и Стефан ексклузивно одговараат на сите прашања поврзани со серијата, од тоа како се роди идеата за серијата и како се споите целата актерска екипа, која изобилува со познати личности од шоу бизнисот. Давид Мукка, Христијан Тасковски – Таско, Стефан Лазаров, Тамара Тодевска, Ана Стојановска, Игор Џамбазов и многу други се дел од овој акциски серијал.

Давид открива кои се плановите за серијата и која е главната цел, а тоа е на НЕТФЛИКС конечно да има македонска серија. Сите неодговорени прашања дефинитивно добија одговор, а сега останува уште еднаш да ги поддржиме овие млади ентузијасти и сите како општество на свој начин да дадеме поддршка за реализација на овој амбициозен проект.


Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести