spot_img
21.8 C
Skopje
петок, јуни 11, 2021
spot_img

Чилеанските здравствени власти најавија повторно затворање на главниот град Сантијаго поради зголемувањето на бројот на случаи на инфекција со коронавирус

Чилеанските здравствени власти најавија повторно затворање на главниот град Сантијаго поради зголемувањето на бројот на случаи на инфекција со коронавирус.

Властите се одлучија на овој потег и покрај фактот дека скоро 60 проценти од населението ги прими двете дози на вакцината.

Повеќето од новозаразените не се вакцинирани, а единиците за интензивна нега во главниот град се полни 98%, пренесува ВВС.

Хозе Луис Еспиноза, претседател на Чилеанската национална федерација на здруженија на негуватели, предупреди дека нивните членови се „пред колапс“.

Критичарите ја обвинуваат владата дека предвреме ги намалила ограничувачките мерки, водени од успехот во вакцинацијата.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести