spot_img
21.8 C
Skopje
петок, јуни 11, 2021
spot_img

ОД ИНДИСКИОТ СОЈ ВО БРИТАНИЈА ПОЧИНАЛЕ 42, ОД КОИ 12 ЦЕЛОСНО ВАКЦИНИРАНИ ЛУЃЕ

Повеќе од 90% од случаите позитивни на ковид во Велика Британија сега се од варијанта Делта, која е откриена за прв пат во Индија, откриваат податоците, бидејќи вкупниот број на потврдени случаи поминал 42,000.

Позната и како Б.1.617.2, варијантата Делта е поврзана со пораст на случаите во Велика Британија во изминатите недели. Се верува дека се шири полесно од алфа варијантата, Б.1.1.7, која за прв пат е откриена во Кент, и е нешто поотпорна на вакцините против ковид, особено по само една доза. Се поврзува и со поголем ризик од хоспитализација, пишува британски Гардијан.

Сега, Институтот за јавно здравје на Англија (PHE) открива дека до 96% од новите случаи на Ковид во Велика Британија ја вклучуваат варијантата Делта и дека има околу 60% зголемен ризик од пренесување во домаќинствата во споредба со алфа варијантата.

Извештајот понатаму открива дека случаите на вирусот се удвојуваат помеѓу секои 4,5 и 11,5 дена, во зависност од регионот, додека досега потврдените случаи се зголемени од 29.892 на 42.323.Д-р Џени Харис, шефицата на Агенцијата за здравствена безбедност на Обединетото Кралство, апелира до граѓаните да се вакцинираат.

-Со зголемувањето на бројот на позитивни случаи со Делта варијанта низ целата земја, вакцинацијата е наша најдобра одбрана“, изјави таа, истакнувајќи дека две дози обезбедуваат значително поголема заштита од една доза.

-Сепак, иако вакцинацијата го намалува ризикот од тешка болест, таа целосно не го елиминира, додава Харис.

Од 7. јуни потврдени се 42 смртни случаи во Англија од Делта варијантата, од кои 23 биле невакцинирани, седум ја примиле првата доза, а 12 ги имале примено двете дози.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести