spot_img
24.8 C
Skopje
петок, јуни 11, 2021
spot_img

Европската мрежа на млади за демократија (EDYN) во Скопје организираше панел дискусија

Европската мрежа на млади за демократија во рамките на својот годишен план за работа на 09 јуни 2021 г. во Скопје организираше панел дискусија на тема: „Подобрување на дијалогот и соработката помеѓу политичките подмладоци за намалување на политичката поларизација и зголемување на учеството на младите во политиката“.

На панел дискусијата учествуваа претставници на тринаесет политички подмладоци и претставници од граѓанскиот сектор.

Претставниците од политичките подмладоци во своите обраќања ja потенцираа важноста од политичка соработка и негување на дијалог преку кој ќе се поттикне активизам кај младите, намалување на поларизацијата и создавање општествени промени преку политички ангажман, а додека претставниците од граѓанскиот сектор ја потенцираа важноста од тоа партиите да бидат отворени кон младите луѓе, да се вклучуваат во сите партиски структури, но и да негуваат меѓусебна соработка за важни општествени прашања.

По завршувањето на панел дискусијата, претставниците на политичките партии потпишаа заедничка Декларација за подобрување на дијалогот и соработката меѓу подмладоците на политичките партии и зголемување на учеството на младите во креирање политики и се обврзаа дека ќе работат на намалување на политичката поларизација и зголемување на младинското учество во креирање политики во Република Северна Македонија.

Амбасадорите и членовите на Европската мрежа на млади за демократија (EDYN) се заблагодарија за присуството на сите и нагласија дека ќе продолжат и во иднина да работат кон организирање на вакви настани преку кои ќе се поттикне младински соработка, дебата и приближување на статовите на партиите во однос на важните општествени прашања кои ги тангираат младите.

Европската мрежа на млади за демократија (European Democracy Youth Network – EDYN) е мрежа на млади граѓански и политички лидери на возраст од 18 до 32 години, кои делат заедничка посветеност кон унапредување и одржување на демократските вредности. Со 230 членови во 22 држави ширум Централна и Источна Европа, членовите на мрежата ги користат нивните искуства како извор на решенија за предизвиците со кои се соочуваат нивните заедници.

Европската мрежа на млади за демократија (EDYN) е поддржана од Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД), и помогната од Меѓународниот републикански институт (ИРИ) и Националниот демократски институт (НДИ).

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести