spot_img
21.8 C
Skopje
петок, јуни 11, 2021
spot_img

Еве кои најдобрите лекови за мамурлак!

Секој има различни начини да се справи со мамурлак, без разлика дали е утринско џогирање за да ги испотите сите токсини или да консумирате нездрава храна и огромни количини маснотии. Со доаѓањето на потопло време и годишни одмори и олеснување на епидемиолошките мерки, сигурно ќе барате совршен лек за мамурлак во наредните недели.

Читателите на „LADbible“ ги открија своите докажани рецепти за борба против мамурлакот, а еве неколку од нив:

Сауна
Читателот Алекс Лимкитират тврди дека најдобриот лек за мамурлак е сауната.

  • Јадете квалитетен оброк и одете во сауна. Веќе нема да чувствувате мамурлук, гарантирам, напиша тој.

Калориска бомба

  • Јадете 20 пилешки медалјони, голем сендвич и милкшејк со банана, советува Хари Ример.
  • Тост, сланина, јајце, колбас, рече кратко Алфред Кокси.

Коктели

  • Понекогаш пијам кригла во која истурам половина кока кола и половина сок од портокал. Друг одличен трик е сокот од кактус, вели Рис Солсбери.

Изби клин по клин

  • Само продолжете да пиете, е советот на Метју Морган.

Вода и добар појадок

  • Порано имав катастрофални мамурлаци, но сега пијам половина литар вода пред спиење. Следното утро појадувам калоричен појадок и мамурлакот го нема, вели Дагла Хамилтон.

Оброк пред пиење алкохол

  • Храната ја забавува апсорпцијата на алкохол во крвотокот и го забрзува процесот со кој телото го разложува алкохолот. Ова значи дека нивото на алкохол во крвта ќе биде повисоко и ќе се зголеми побрзо ако пиете на празен стомак. По веројатно е дека ќе доживеете други негативни ефекти како црвенило, гадење и главоболки, рече докторката Кетрин Басфорд.

Не е важно за каква храна ќе се решите, едноставно дека јадете нешто.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести