spot_img
22.8 C
Skopje
четврток, јуни 10, 2021
spot_img

Џо Бајден ја започнува турнејата низ Европа

Претходницата на шефот на Белата куќа е составенаа од 500 агенти на американската тајна служба, кои се директно одговорни за неговата безбедност и кои контролираат сè.

Американскиот претседател Џозеф Бајден во средата наутро по локално време замина од Вашингтон кон Велика Британија, каде треба да пристигне доцна во среда! Првото патување на Бајден во странство од доаѓањето на власт и осумдневната турнеја низ Европа претставуваат огромен предизвик за безбедносните служби.

Логистички предизвик
Според британските медиуми, за неговата безбедност на Островот ќе се погрижат 6.500 полицајци и припадници на безбедносните служби, кои исто така се занимаваат со обезбедување на самитот на Групата седум. Сепак, како што обично се случува кога претседателот на Соединетите држави оди во странство, пред неговото пристигнување на дестинацијата, пристигнуваат агенти на американската тајна служба, кои го контролираат буквално секој аспект на безбедноста – од шахти за канализација, преку патни правци, до контрола на летање во областа.

Така, група од околу 500 членови на Тајната служба, кои се директно одговорни за безбедноста на Бајден, пристигнаа во Корнвол, каде што Бајден ќе присуствува на самитот на лидерите на Групата седум најразвиени земји, неколку дена. Логистичкиот предизвик е дека Корнвол нема големи капацитети за сместување, па затоа беа исполнети сите хотели и пансиони во радиус од 30 километри, а некои членови на тимот на Бајден задолжени за безбедност мораше да бидат сместени во кампинг возила.

Во Корнвол се очекуваат и водачи на Канада, Франција, Германија, Италија и Јапонија, кои ќе донесат свои безбедносни тимови, така што сигурно може да се каже дека овој британски град на крајбрежјето ќе биде еден од најдобро чуваните градови во светот.

  • Ќе имаме редовни патроли на копно, воздух и море. Ова е сложена операција. Нашата работа е да направиме сè да оди глатко и сите да бидат безбедни – рече Џо Хол, началник на полицијата во Корнвол.

Полицајци на бродот
Интересно, околу 1.000 полицајци ќе бидат сместени на бродот за крстарење „МС Силја Европа“, кој е изграден во Германија во 1993 година и има седум ресторани, палуба за скара, диско-клуб, спа центар и може да достигне брзина од 21 јазол. Овој брод може да собере до 3.000 патници и обично се користи за крстарење од Хелсинки до Талин. Британската полиција го изнајми бродот за период од десет дена, објави „Daily Mail“. Целокупната операција за безбедност ќе чини околу 83 милиони фунти, објавија британските медиуми.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести