spot_img
22.8 C
Skopje
четврток, јуни 10, 2021
spot_img

Олимпиското село без алкохол, надвор од него под контрола само на GPS

Олимпиското село е традиционално место за сместување и забава на илјадници млади спортисти и вработени, но тоа нема да биде случај на Олимписките игри во Токио, кои треба да се отворат за нешто повеќе од шест недели во околности на пандемијата COVID–19.
Ова ќе бидат Олимписки игри без навивачи, со тестирање и вакцинација, кои ќе имаат приоритет пред забавата и натпреварите, а се уште не е познато дали ќе се дозволи консумација на алкохол во селото каде ќе бидат сместени 11.000 олимписки спортисти и 4.400 параолимпијци, пренесува АП.
Извршниот директор на Организациониот комитет на Олимписките игри во Токио, Тошихиро Муто, денес изјави дека е тешко да се спроведе забраната за алкохол во просториите на спортистите, но дека е можно таквите правила да важат на и јавните простори на село.
Токио и поголемиот дел од останатата земја во моментов се наоѓаат во вонредна состојба поради COVID–19, а баровите и рестораните се затвораат порано и забрануваат продажба на алкохол.

Оваа мерка е на сила до 20 јуни и не е познато дали ќе биде продолжена, но многу јапонски жители не би биле задоволни да видат спортисти како се забавуваат во селото, додека стои забраната за локалното население.

  • Сè уште немаме донесено јасна одлука за политиката на алкохол и таа одлука се очекува до крајот на овој месец, рече Муто.

Јапонскиот официјален претставник исто така истакна дека спортистите, вработените, како и новинарите и другите поврзани со Игрите ќе мора да потпишат договор што ќе им овозможи на организаторите да користат GPS за следење на движењето на Олимписките игри преку паметни телефони.

  • Целта не е постојано да се следи нечие однесување, туку доколку има проблеми, ние лесно ќе ги следиме сите нивни активности преку функцијата GPS, рече Муто.

Спортистите ќе бидат изолирани во селото и се очекува да останат таму цело време, или ќе бидат во слични услови на местата каде што ќе одат или ќе тренираат.

Сите други кои доаѓаат во Јапонија на Олимписките игри ќе бидат тестирани двапати пред да заминат дома и по пристигнувањето во Јапонија, и ќе треба да дадат согласност за ограничување на движењето во текот на првите 14 дена и да го достават својот план за активност за време на нивниот престој.

Анкетите за јавното мислење покажуваат дека, во зависност од тоа како се формулира прашањето, 50 до 80 проценти од Јапонците се против одржување на Олимписките игри во Токио.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести