spot_img
22.8 C
Skopje
четврток, јуни 10, 2021
spot_img

Невиден физички напад врз стјуардеса за време на летот од Сакраменто до Сан Диего минатиот месец (ВИДЕО)

Полицијата ја уапси Американката Вивиен Квинонез (28) за физички напад врз стјуардеса за време на летот од Сакраменто до Сан Диего минатиот месец.

Според очевидци, физичкиот напад на жената врз вработена во „SouthWest Airlines“ се случил откако таа повеќе пати побарала од неа правилно да ја носи маска над носот и устата, како и сите други патници и да ги почитува правилата во авионот. Квинонез се оглувувала секој пат, а кога стјуардесата веќе ги изгубила нервите и го кренала гласот, жената возвратила со удари со тупаница во лицето. Притоа, таа ѝ избила два заби.

Сопатник го спречил понатамошен физички напад, откако 28-годишната девојка ја насочил кон нејзиното место.

Целиот напад го снимила 57-годишната Мишел Манер, која се враќаше од одмор.

  • Пет минути пред конфронтацијата, имаше конфликт. Забележав врисоци од обете страни. Тие се расправаа за правилното носење на маската над носот, рече таа, додавајќи дека веќе ја имала вклучена камерата за време на напад
  • Се фокусирав на тоа што е можно посмирено да го држам мобилниот телефон, со цел да ја забележам ситуацијата и да имам доказ.

Кога авионот слетал во Сан Диего, патниците морале да останат на своите места до доаѓањето на полицијата, која извршила испрашување и ја привеле Вивијан Квинонез. Бидејќи нападот е извршен во лет, обвинението автоматски се наоѓа на федерално ниво.

Авиокомпанијата „SouthWest Airlines“ не излезе во јавноста со името на својата стјуардеса и остро го осуди нападот.

  • Не дозволуваме или толерираме вербални или физички напади врз екипажот во нашата кабина кои се таму за да ја гарантираат безбедноста на сите патници, се вели во соопштението на авиокомпанијата.
    Освен казната што судот допрва треба да ја одреди, на Кџинонез ѝ е забрането да патува доживотно со „SouthWest Airlines“.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести