spot_img
23.8 C
Skopje
четврток, јуни 10, 2021
spot_img

Министерот Бочварски во Неготино најави силен инфраструктурен развој на општините

Со 20 милиони денари реконструираме две улици во Неготино преку проектот за „Поврзување со локалните улици во општините”, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски при денешната работна посета во општина Неготино. 

Капиталните проекти во општините се од огромно значење за урбаниот развој и локaлната еконoмија и затоа Владата ќе продолжи да ги поддржува локaлните самоуправи преку разни владини програми, истакна министерoт Бочварски. 

Тој заедно со грaдоначaлникот Тони Делков, извршија увид во изградбата на социјaлната згрaда како и реконструкција на две улици во општината. 

„Со градоначалникот го потпишавме договорот за реконструкција на улицата Антигона во должина од 1900 метри и улицата Едвард Кардељ во должина од 560 метри.  Ове е дел од проектот за Санација и изградба на локалните улици и патишта што го реализираме преку Министерството за транспорт и врски.  Вкупната вредност за реконструкција на овие улици изнесува 20 милиони денари и очекуваме дека за десетина месеци комплетно да бидат реконструирани. Исто така со градоначалникот извршивме увид во изградба на социјалната зграда. Очекуваме овие 62 станови комплетно да бидат завршени за отприлика за два месеци, а потоа министертвото да распише јавен оглас за распределба”, изјави министерот Благој Бочварски.  

Министерот додаде дека преку ЈП за државни патишта се работи и на двата моста на патниот правец Лакавица – Неготино, а во летниот период започнува и реконструкција на патниот правец Неготино – Глишиќ. 

За градоначалникот инвестицииите во општината ќе го подигнат развојот на локалната самоуправа и економијата како и подобрувањето на животот на гарѓаните.  

„Со завршување на овие две улици, преку буџетот на општината ќе реконструираме и неколку другу улици во градот и наслените места. Исто така со заем од Светска банка обезбедивме средства од 19,8 милиони денари за санација на 9 улици во градот. Преку Владата дополнително ќе реконструираме една улица во село Тимјаник како и изградба на водоводна мрежа во село Требник. Имаме план и за изградба на јужна и северна обиколница Неготинио”, изјави градоначалникот на општина Неготино, Тони Делков. 

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести