spot_img
22.8 C
Skopje
четврток, јуни 10, 2021
spot_img

Австриски војник истетовирал СВАСТИКА НА ТЕСТИСОТ, па доби затворска казна од 19 месеци

Австриски војник беше осуден на 19 месеци затвор за тетовирање на свастика на тестисите.

Војникот (29) испил две шишиња виски пред неговиот брат да му го истетовира забранетиот симбол на скротумот, беше речено во судот во Клагенфурт.

Човекот потоа објави фотографија од неговиот тетовиран тестис на социјалните мрежи, а по второ пијанство, им се пофалил со тетоважата на своите колеги при воена вежба.

Војникот, чие име не беше објавено, беше обвинет и за објавување нацистички фотографии, пиење вино од марката Хитлер и промовирање на нацизам. Тој беше осуден на 19 месеци затвор за величање на нацизмот и нелегално поседување оружје.

Обвинетиот пред судот рече дека му е жал и се срами од своите постапки.

  • Паднав во лошо друштво. За нас, сè што беше забрането беше нешто кон кое се стремевме, но ние потценивме колку е голема грешката, рече тој.

Дури кога започна истрагата за неговиот тетовиран тестис, војникот сфати колку е „глупаво“ славењето на нацизмот, пренесува „Daily Mail“.

  • Немам друго разумно објаснување за тоа што го направив, рече тој, додавајќи дека спорната тетоважа не се гледа.

Неговиот адвокат најави жалба.

Според австрискиот закон за забрана на национал-социјализмот од 1947 година, секое величење на нацистички организации е казниво со закон.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести