spot_img
21.8 C
Skopje
среда, јуни 9, 2021
spot_img

Франција прв фаворит на ЕП пред Англија и Шпанија

Научници и статистичари од повеќе европски универзитети спроведоа заедничко истражување и утврдија дека Франција има најголеми шанси да ја освои титулата европски шампион.


Статистичарите во истражувањето комбинирале различни модели, вклучувајќи ја пазарната вредноста на фудбалерите, бројот на играчи со настапи во Лигата на шампиони и националните лиги, како и повеќе економски и социјални фактори на земјите учеснички на ЕУРО.

Истражувањето е спроведено на универзитетите во Дортмунд, Минхен, Инсбурк, Гент и Молде, и покажа дека веројатноста Французите да станат нови европски прваци е 14,8%, пред Англија (13,5), Шпанија (12,3) и Португалија и Германија, со по 10,1%.

Читај Следно

10,365FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести