spot_img
22.8 C
Skopje
среда, јуни 9, 2021
spot_img

Од 1 јули низ ЕУ ќе се патува со „зелен пасош“, еве кои се условите за добивање

Дигиталниот зелен сертификат, кој ќе се применува за период од 12 месеци, ќе „докаже“ три работи. Дека лицето имало ковид-19, вакцинирано е или имало негативен тест во последните 72 часа.

Европскиот парламент одобри воведување на дигитални сертификати на ЕУ дека некое лице е вакцинирано, има нов негативен резултат од ПЦР тест или има прележано ковид-19, што ќе го олесни патувањето во Унијата.

Во вторникот вечерта на пленарната сесија во Стразбур, европратениците го одобрија воведувањето дигитални зелени сертификати од 1 јули со 546 гласа за, 93 против и 51 воздржан за граѓаните на ЕУ и со 553 гласа за, 91 против и 46 воздржани за државјаните кои не се дел од ЕУ, објави денеска Европскиот парламент.

Иницијативата беше претставена од Европската комисија на 17 март, по што беше покрената итна постапка за воведување на сертификатите.

Иницијативата има за цел да воспостави униформни европски правила за прекугранично движење пред летната туристичка сезона, да ги зајакне патувањата и да предизвика економско закрепнување, со отстранување на сомнежите создадени од различен национален карантин, тестирање и други мерки.

Рок од 12 месеци

Дигиталниот зелен сертификат, кој ќе се применува за период од 12 месеци, ќе „докаже“ три работи. Дека лицето имало ковид-19, вакцинирано е или имало негативен тест во последните 72 часа.

Тоа нема да биде предуслов за слободно движење и нема да се смета за патна исправа.

Серфтификатот ќе се издава бесплатно од националните власти и ќе биде достапен во дигитална и хартиена форма и ќе содржи QR-код.

Обезбедени се и 100 милиони евра за набавка на тестови за да се направи тестирањето достапно и прифатливо за граѓаните.

Известувачот на ЕП за иницијативата за воведување дигитални зелени сертификати и шпанскиот европратеник Хуан Фернандо Лопез Агилар (С & Д) ја отворија дебатата на пленарната седница, истакнувајќи дека оваа иницијатива е една од најбрзите донесени во парламентот.

– Со него Европската комисија сака да реши еден од најсериозните проблеми предизвикани од пандемијата, суспензијата на Шенгенот и ограничувањето на слободата на движење – рече Агилар.

Доколку некои држави одлучат да воведат дополнителни ограничувања, Агилар истакна дека „тие мора да им го кажат тоа на граѓаните 48 часа однапред и 24 часа пред да стапат на сила овие мерки“.

Комесарот за правда на ЕУ, Дидие Рејндерс рече дека „дигиталниот зелен сертификат е резултат на заедничката посветеност на трите институции за постигнување конкретни резултати за граѓаните на ЕУ“.

Во својата презентација, Рејндерс зборуваше за два многу важни принципи поврзани со дигиталните зелени сертификати.

„Прво, земјите-членки нема да можат да воведат дополнителни ограничувања за патување на секој што поседува дигитални зелени сертификати доколку овие ограничувања не се потребни. Второ, кога таквите дополнителни ограничувања се наметнати на исклучителна основа, земјите-членки ќе треба да ги известат Комисијата и јавноста однапред – заклучи Рејндерс.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести