spot_img
22.8 C
Skopje
среда, јуни 9, 2021
spot_img

Еве кој е човекот кој го нападна Макрон (ВИДЕО)

Човекот кој му удри шамар на Емануел Макрон немал криминално досие и води клуб за љубители на средновековно мечување.

Извор од полицијата го идентификувал осомничениот како Дамиен Тарел (28), објави Ројтерс.

Тој е под истрага за напад на јавен службеник, изјави локален обвинител.

Тарел извикал „Долу макронија“ како борбен крик на француската армија во време кога земјата беше монархија. Извор близок до истрагата го опиша како некој што е „малку изгубен, малку неприлагоден, човек кој сакал да си игра“.

Тарел и уште еден човек се уште се во полициски притвор, додаде изворот.

Обвинението за напад на јавен службеник предвидува максимална затворска казна од три години и парична казна од 45.000 евра.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести