spot_img
17.8 C
Skopje
понеделник, јуни 7, 2021
spot_img

ЅВЕЗДАТА ОД “ПРИЈАТЕЛИ” ЕМОТИВНО ПРИЗНА КАКО СИ ГО УНИШТИ ЛИЦЕТО: Мислев дека работам на себе, а потоа видов фотографија и си помислив – ОВА Е УЖАС… (фото)

Минатата недела се емитуваше специјалната епизода на „Friends“ во која на радост на многубројните фанови се обединија 6-те познати актери.

А јавноста веќе неколку дена не престанува со споредбите како изгледаа актерите некогаш и како изгледаат денес.

Чендлер посебно ги растажи обожавателите бидејќи изгледал лошо и изгубено, а странските медиуми пренесуваат дека неговиот изглед е резултат на долгогодишната борба со зависностите.

„Плачам. Би сакала да го усреќиме Метју како што тој нè правеше среќни сите нас“, „Го гледав интервјуто и не ми се верува како изгледа. Ми го крши срцето“, „Мачно ми е да го гледам ваков, само гледа во празно и полека зборува“, „Се плашам за него“, „Метју Пери е херој со самото тоа што се појави на собирањето, уште постои надеж дека ќе закрепне“, се дел од коментарите на фановите.

Покрај него, големо внимание привлече и Кортни Кокс. Што се однесува до женскиот дел од екипата, ни тие не останале имуни на подмладување, пред сè споменатата Кортни, но и Џенифер Анистон која отворено признала само една операција која ѝ ја променила кариерата и животот на подобро.

Имено, актерката го оперирала носот, а тоа било доволно да го трансформира изгледот без претерување. Нејзината колешка Кортни Кокс во една прилика изјави дека престанала да се подмладува со филери откако сфатила дека го уништила своето лице.

„Многу тешко го прифатив фактот дека стареам. Но, не вреди. Со тоа не можете да се борите. Нема личност која измислила формула против стареење и сите ќе остареме, сечија младост ќе пројде. Јас се обидував да ги замрзнам своите години и секако, не успеав. Операциите само ми го уништија лицето, сега ми е жал поради тоа, но доцна е. Научив неколку лекции за животот, но за некои работи сега е доцна“, изјавила актерката во една прилика.

Пластичните операции се нижеле, а убавата црнка повеќе не личи на себеси.

„Во еден момент мислиш дека работиш на себе, а потоа гледаш фотографија и прво нешто што помислуваш е – ова е ужас! Се каам поради многу работи кои ги направив, добро е што сфатив на време дека треба да престанам“, била искрена Кокс.

Читај Следно

10,365FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести