spot_img
19.8 C
Skopje
понеделник, јуни 7, 2021
spot_img

Парични казни заради непочитување на здравствените прописи​

За кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, надлежен јавен обвинител од Основното јавно ибвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнен налог против три лица.

Обвинетите биле затекнати како се движат надвор од своите домови во Скопје за време на важечкиот полициски час, со што ги прекршиле прописите со кои се определни мерки за спречување на ширењето на COVID-19.

Основното јавно обвинителство Скопје на Основниот кривичен суд Скопје му предложи за обвинетите да определи парични казни од по 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да ја одреди на 20 евра во денарска противвредност. ​

Читај Следно

10,365FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести