spot_img
19.8 C
Skopje
понеделник, јуни 7, 2021
spot_img

„Анонимуси“ му објавија војна на Маск

Групата, која тврди дека е дел од движењето „Анонимуси“, повика на војна со Илон Маск, обвинувајќи го основачот на „Тесла“, меѓу другото, за манипулација со цените на крипто-валутите.

Групата во видео порака објавена на каналот „Анонимен јутјуб“, кој има околу 145.000 претплатници и на Твитер профил со повеќе од 5,8 милиони следбеници рече:

-Можеби мислите дека сте најпаметната личност, но сега наидовте на себе рамни

Маск, кој исто така го основаше SpaceX и е третата најбогата личност на светот со богатство проценето на 151 милијарда долари, очигледно го привлече бесот на групата со неодамнешните твитови кои ги намалија цените на биткоинот.

-Милиони мали инвеститори навистина сметаа на своите крипто-валути за да ги подобрат своите животи.Тоа е нешто што никогаш нема да го разберете затоа што сте родени во украденото богатство на рудникот за смарагди во Јужна Африка и немате идеја низ каква борба минува работничката класа, велат Анонимуси.

Групата, исто така, го обвини Маск за експлоатација на детски труд во рудници за литиум во странство.

-Уживате во репутацијата на милијардер, бидејќи ја искористивте желбата на многумина од нас да живееме во светот на електричните автомобили и истражувањето на вселената. Но, во последно време, вашата внимателно креирана слика е откриена и луѓето почнуваат да ве гледаат како уште еден нарцисоиден богат човек кој очајно бара внимание , велат од групата.

Читај Следно

10,365FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести