spot_img
17.8 C
Skopje
недела, јуни 6, 2021
spot_img

“ХОЛИВУДСКИ ШМЕК” ВО СКОПЈЕ – ЛИМУЗИНИ, ПОЛИЦИСКИ ХЕРМЕЛИНИ И ЦРВЕН ТЕПИХ ЗА ПРЕМИЕРАТА НА ТРЕЈЛЕРОТ ЗА МАКЕДОНСКАТА СЕРИЈА “BLACK OPS” (фото/видео)

Скопјани синоќа беа сведоци на несекојдневен настан во главниот град на Македонија. Колона со ексклузивни возила дефилираше од населбата Аеродром до трговскиот центар Скопје Сити Мол.

Таму веќе беа стационирани полициски хермелини, но со обележја на серијата “Black ops”.

Граѓаните, во голем дел спонтано и љубопитно застануваа да видат што се случува. Актерите и екипата која стои позади серијата дефилираа по црвениот тепих и позираа за медиумите, но и за граѓаните кои во голем број сликаа и снимаа до своите мобилни телефони.

Трејлерот се прикажуваше во салата на Синеплекс пред околу 100 гости од јавниот живот во Македонија. Дефинитивно атмосферата и организацијата е за пофалба, и комотно може да кажеме дека на една вечер Скопје осети “холивудска треска”.

„Тајни операции“ е серија која го следи Вилијам Конор, американски војник, соочен со најтешките предизвици и најголемите тешкотии во животот. Низ исклучително збунувачки збир на околности, тој почнува да ги составува изгубените парчиња од една неизмерно огромна и мрачна загатка што го води кон Балканот во Источна Европа и можноста за спасување на неговото киднапирано семејство.

Со помош на неговите пријатели Бабиќ и Нора, Конор успева да почне да ги бара слабостите на неговиот противник Сатар, за да открие дека меѓу сенките на злосторствата на Сатар, демнее многу посуптилен и опасен непријател.

Серијата е во продукција на „Артистик филм продакшн“, под режисерската палка на Били Д. (Били Дурмишовски).

Квалитетна актерска екипа, но и голем број личности од светот на музиката и шоу бизнисот ќе бидат дебитанти  на филмското платно. Дејвид Мука, Христијан Тасковски – Таско, Стефан Лазаров, Тамара Тодевска, Ана Стојановска, Игор Џамбазов и многу други, ве носат во неизвесниот свет на „Тајните операции“, исполнет со уникатна форма на акцијата и драмата како жанрови.

Во продолжение погледнете го трејлерот за “BlackOps”

Мораме да признаеме дека трејлерот кој од денес е достапен на јутјуб делува светски и дечките навистина вложиле многу труд, затоа наше е, на медиумите и на сите како држава да се потрудиме и да ги подржиме овие ентузијасти да го реализираат овој проект, и конечно Македонија да добие серија која ќе се гледа насекаде во светот.

Сите информации поврзани со серијата можете да ги дознаете на Инстаграм профилот на BlackOps.

Фотографиите користени во текстот се дело на Марко.


Читај Следно

10,365FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести