spot_img
20.8 C
Skopje
недела, јуни 6, 2021
spot_img

Официјален Вашингтон ќе воведе САНКЦИИ за 65 бугарски тајкуни и компании

Официјален Вашингтон одлучи да реагира на корупција во земјата која е на врвот на „црната листа“ во Европската унија по ова прашање.

Америка, помалку неочекувано, воведе санкции за 65 бугарски олигарси и компании поради раширената корупција во оваа земја!

Ова е историска одлука и најголемо индивидуално воведување санкции, се наведува од Канцеларијата за контрола на странски имот при Министерството за финансии на САД.

Критики од Брисел
Бугарија е убедливо прва на списокот на земји-членки на ЕУ во однос на распространетоста на корупцијата. „Transparency International“ потсетува дека Европската комисија постојано ги критикуваше властите во Софија за недостаток на дејствија против корупцијата, како и за фактот дека ниту еден висок функционер никогаш не одговарал за ова злосторство.

Ужасна судбина – Законот на Магнитски
Соединетите држави воведоа санкции против бугарските тајкуни и компании врз основа на законот Магнитски. Законот е именуван по рускиот адвокат и даночен советник Сергеј Магнитски, кој беше уапсен по предупредување за кражба на јавни средства, а беше поддржан од државниот систем. Магнитски помина 358 дена во затвор без судење и почина во 2009 година затоа што не му беше укажана потребната медицинска нега. Соединетите држави го користат законот универзално од 2016 година за да воведат санкции против кршителите на човековите права, да ги замрзнат нивните средства и да им забранат влез во Америка.

Привремениот премиер на Бугарија, Стефан Јанев, за Ројтерс потврди дека бил телефонски информиран за воведување санкции од страна на Викторија Њуланд, заменик државен секретар на САД задолжен за политички прашања. – Во нашите односи со партнери и сојузници, недвосмислено го делиме уверувањето дека борбата против корупцијата во сите нејзини форми треба да биде наш безусловен принципиелен и практичен приоритет – изјави Министерството за надворешни работи во Софија. Соединетите држави воведоа санкции во пресрет на 11 јули, кога се закажани нови избори во Бугарија, бидејќи не беше постигнат договор за формирање влада по претходните. Санкциите беа воведени директно против тројца тајкуни: Васил Бошков, 64, кој беше идентификуван како главен за ширење руско влијание врз владата во Софија; Делјан Пеевски, бизнисмен и поранешен пратеник во парламентот, како и Илко Жеjасков, владин службеник одговорен за корупција. Нивните 62 компании се исто така на истата листа.

Замрзнати средства
Тие се замрзнати сите средства на територијата на САД, забрането им е деловно работење во САД, додека на сите американски компании им е забрането да прават деловни активности со нив.

Бугарско лето – Бошков во Дубаи
Васил Бошков, познат и под прекарот Череп, контролира казина во земјата, пренесува порталот „Euractiv.bg“. Тој моментално се наоѓа во Дубаи затоа што во земјата е обвинет за затајување данок и организиран криминал. Тој сè уште е на чело на партијата „Бугарско лето“, која освои 2,95 проценти од гласовите на изборите во април и најави дека ќе учествува на новите избори.

На поранешните бугарски функционери и нивните семејства – Александар Манолев, Петро Харалампиев и Красимир Томов – им беше забранет влез во Соединетите Држави поради учество во корупциската шема. Санкциите на САД се директен удар за Иван Гешев, кој е главен обвинител, кој заедно со Бојко Борисов, поранешниот премиер, беше главна цел на масовните протести минатата и оваа година.

Читај Следно

10,365FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести