spot_img
26.8 C
Skopje
сабота, јуни 5, 2021
spot_img

Заев: На Светскиот ден на животната средина веќе не разговараме за загаден воздух како резултат на сеопфатни акции на сите засегнати страни

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска зеде учество во активноста што ја организираше Град Скопје и градоначалникот Петре Шилегов по повод Светскиот ден на животната средина.

Во прилог на ова соопштение ви ја пренесуваме изјавата на премиерот Заев во целост испорачана на прес-конференцијата по тој повод:

„Како и целиот свет, така и ние денеска го славиме Светскиот ден на животната средина со активности кои имаат за цел да ја поттикнат постојаната грижа и акција за чиста и здрава околина и секојдневие.

Оваа година им се придружив на активностите што по повод овој ден ги организира Град Скопје кој продолжува да го реализира „Акцискиот план – Скопје зелен град“, проект кој во фокусот ги стави решенијата за предизвиците за заштита на животната средина и создавање на одржлив развој на градовите.

Факт е дека како резултат активностите на овој проект и на низата други значајни сеопфатни проекти оваа година не разговараме за загаден воздух во главниот град, односно имаме огромно намалување на бројот на денови со надминати концентрации на пи-ем честички.

Некои ќе се повикаат на времето, климатските промени, но факт е дека намалувањето е и резултат на заедничка акција на сите.

Резултат е и на зголемената свест кај граѓаните, која е на највисоко ниво до сега и е дополнителен поттик за оваа Влада да продолжи со еколошките проекти како што беше замената на загадувачките печки на дрва и на фосилни горива со еколошки чисти инвертери во Скопје и во неколку други градови.

Граѓаните, особено помладите, сѐ повеќе користат превозни средства кои не загадуваат како велосипеди или електрични тротинети, а сериозен поттик за ова е исполнувањето на потребите на луѓето кои пешачат и возат велосипед како клучен дел од решенијата за урбана мобилност во здрава животна средина.

Во таа насока се и сите инфраструктурни зафати во главниот град Скопје, како и во другите градови во земјата.

Во Скопје веќе се надминати 100 километри добро организирани велосипедски патеки и стануваат многу препознатливи одделните велосипедски и пешачки зони долж улиците и булеварите проследени со зелени појаси.

Во градот Скопје има повеќе зеленило, ослободени дрва, поставувани се зелени бариери помеѓу пешаците/велосипедистите и возилата, нови паркови, зелени кровови.

И не само во Скопје. Во 36 општини, во 108 јавни објекти има фотоволтаични системи и повеќе зелени површини и се спроведуваат мерки за директно справување со изворите на загадување.

Еколошката агенда на државата ја следиме и со зелени енергетски проекти, согласно Европската зелена агенда, односно ја спроведуваме транзицијата од јаглен во еколошки енергенси за производство на електрична енергија.

На местата каде што претходно функционираа рудниците за јаглен и загадувачките термоцентрали сега се градат фотонапонски електрани и се редат ветерни паркови и гасни електро-централи.

Ова е патот на успехот. Патот по којшто поминале повеќе европски земји.

На крај, дозволете уште еднаш да се повикам на Светскиот ден на животната средина со апел на заеднички акции.

Успехот во остварувањето на здрава животна средина како наше секојдневие е можен само со координирани, заеднички акции на граѓаните, деловната заедница и општините и државните институции.“

Читај Следно

10,365FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести