spot_img
19.8 C
Skopje
петок, јуни 4, 2021
spot_img

СПРЕЧЕН ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО УНГАРИЈА (ВИДЕО)

Унгарската антитерористичка единица уапси човек осомничен дека планирал да постави експлозивна направа за време на еден од натпреварите на стадионот „Пушкаш арена“ во Будимпешта.

Шефот на антитерористичката единица, Јанош Хајду, за телевизијата АТВ изјави дека го следеле осомничениот повеќе од еден месец, при што тој разговараше за нападот и набавката на експлозиви со истомисленици преку Интернет.

Тој исто така изјави дека за време на истрагата за начинот на радикализирање на овој унгарски државјанин, тој положил заклетва пред Исламската држава и планирал напад.

Унгарските медиуми наведуваат дека уапсениот планирал да активира експлозив за време на натпревар во Будимпешта на „Пушкаш Арена“ со капацитет од 70.000 гледачи.

Исто така, постоеше план за летање во толпа минувачи.

Читај Следно

10,361FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести