spot_img
19.8 C
Skopje
петок, јуни 4, 2021
spot_img

Државното обвинителство во Минесота побара 30-годишна затворска казна за поранешниот полицаец Дерек Шовин

Државното обвинителство во Минесота побара 30-годишна затворска казна за поранешниот полицаец Дерек Шовин, кој беше осуден во април за убиството на Џорџ Флојд во мај 2020 година.

Адвокатите на Шовин побараа условна казна, со времето што тој веќе го помина во притвор.

Белиот полицаец Шовин, кој повеќе од девет минути клечеше на вратот на Џорџ Флојд, беше прогласен за виновен од поротата во Минеаполис по сите три точки – убиство од втор степен, убиство од трет степен и убиство од небрежност од втор степен.

Судијата Питер Кејхил пресуди дека има „отежнувачки околности“ во случајот на убиството на Флојд, што му дава можност да му изрече на Шовин казна што може да биде построга отколку што препорачува државата.

Во Минесота, просечната казна за првиот прекршок, како што е случајот со Шовин, е 12 и пол години.

Обвинителството, сепак, во својот поднесок изјави дека 30 години ќе бидат „посоодветна казна поради длабокото влијание што го имале постапките на обвинетиот врз жртвата, семејството на жртвата и заедницата“, пренесува Гласот на Америка.

Максималната казна за најсериозната точка на обвинението против Шовин, убиство од втор степен, е 40 години.

Изрекувањето на пресудата за Шовин е закажано за 25 јуни.

Тој е во затвор од 20 април, кога беше прогласен за виновен и се соочува со одделни федерални обвиненија поврзани со човековите права во случајот со смртта на Флојд.

Убиството на Флојд предизвика глобални демонстрации против институционализираниот расизам и полициска бруталност, особено во САД.

Читај Следно

10,361FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести