spot_img
19.8 C
Skopje
петок, јуни 4, 2021
spot_img

ГОЛЕМ ИНЦИДЕНТ НА ПРИСТАНИШТЕ (ВИДЕО)

Голем товарен брод удри во висок надземен кран во тајванско пристаниште, кој падна на друг кран, а потоа и на куп контејнери за испорака.

Еден пристанишен работник е хоспитализиран поради расекотина на раката, пренесува АП.

Како што се наведува, кранот на почетокот полека почнал да паѓа, а потоа брзо удрил во соседниот кран, а потоа и еден куп бродски контејнери што се срушиле на земја.
Видео-снимката од настаните што кружи на социјалните мрежи покажува како работниците брзо бегаат од областа.

Бродот тежок 86.000 тони, сопственост на „Orient Oversize“, шпедитерска компанија од Хонг Конг, се подготвувал да се вкотви во пристаништето во Каохсиунг на југот на Тајван кога удрил во кранот, соопшти компанијата за управување со пристаништето.

Местото на несреќата е запечатено, се наведува во соопштението на државната компанија „Taiwan International Ports“.

Читај Следно

10,361FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести