spot_img
16.8 C
Skopje
четврток, јуни 3, 2021
spot_img

ОВА СИГУРНО НЕ СТЕ ГО ЗНАЕЛЕ: ОМИЛЕНИОТ ЛИК ОД ЦРТАНИТЕ, ШИЉО, НЕ Е КУЧЕ ТУКУ БИК !? (видео)

Популарните херои на Дизни, Мики Маус, Пајо Паторот, кравата Белка и други ликови од најпознатото семејство на цртани филмови, секогаш привлекувале големо внимание на јавноста. Овој пат, темата на светската јавност стана Шиљо, поради дебатата дали тој е бик или куче.

Мирна Нуархпа сними вирално видео од ТикТок, во кое на своите следбеници на оваа мрежа им поставува едно прашање – дали тие знаат кое животно е всушност Шиљо?

„Колку години имавте кога дознавте дека Шиљо всушност е бик, а не куче? таа рече.

Имено, во видеото таа ги презентираше тврдењата и фактите дека Шиљо е всушност бик од семејството Абердин Ангус, а не куче со човечки обележја.

“Дали задоцнив со ова знаење? Детството ми беше уништено”, продолжи таа.

Аргументот дека Шиљо е бик е поткрепен и од идентитетот на неговата голема љубов, Белка.

Читај Следно

10,361FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести