spot_img
18.8 C
Skopje
четврток, јуни 3, 2021
spot_img

БРАВО: Лице со попреченост не престанува да докажува дека сè е можно (ВИДЕО)

Мотивацискиот говорник Спенсер Вест мораше да ги стави во мирување јавните настапи за време на пандемијата и наместо тоа им се обрати на луѓето преку социјалните мрежи за да ја подигне свеста за лицата со попреченост.

Вест, кој ги загуби двете нозе од карлицата надолу во петтата година поради генетско нарушување на ‘рбетот, прави видеа што станаа неверојатно популарни на TikTok – место каде што вели дека сака да им „даде малку радост“ на изолираните од страв од инфекција.

  • Патував 200 дена годишно и држев мотивациски говори, а потоа поради пандемијата се најдов постојано во куќата и во еден поглед беше навистина страшно затоа што требаше да забавам за тоа време… но тогаш сфатив дека можам да одржувам истите додека зборувам од својата кујна “.

Неговото чувство за трендовите на TikTok го вметна меѓу најголемите влијатели на оваа мрежа.

  • TikTok ни носи нова публика. Тоа е простор за мене да им дадам малку радост на другите и исто така да ја подигнам свеста за идентитетот на лицата со попреченост и начинот на кој тие се третираат, вели Вест.

Спенсер Вест исто така рече дека планира да продолжи да ја гради својата интернет заедница за да зборува за движењето за правда за лицата со попреченост и да шири свест за тоа што е неговото искуство во обидите да се прилагоди на околината.

Читај Следно

10,361FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести