5.8 C
Skopje
четврток, април 18, 2024

Русија регистрираше спреј – лек за превенција на пневмонија од Ковид-19

Руското Министерство за здравство го регистрираше лекот „Лајтрагин“ за превенција и лекување на пневмонија предизвикана од инфекција со коронавирус, соопшти денеска Руската агенција за медицина и биологија преку својата интернет страница.

„Лекот во спреј „ Лајтрагин“, развиен од Агенцијата за медицина и биологија, е регистриран во руското Министерство за здравство. Тој е наменет за спречување и лекување на пневмонија. Целта е да се спречи воспаление на белите дробови, што е една од компликациите на коронавирусот“, се наведува на сајтот на Агенцијата, пренесе Тасс.

Во соопштенито се додава дека производството на лекот веќе е во тек.

„Лајтрагин“ е првиот лек што има за цел да спречи и да се бори против цитокинската бура што во организмот ја предизвикува Ковид-19.

За време на клиничкото тестирање меѓу 320 пациенти со средни симптоми на Ковид-19 немало смртни, ниту посериозни случаи.

Пациентите кои земале „Лајтрагин“ заздравувале во просек за осум дена, додека пациентите третирани со класичните методи заздравувале за 14 дена, наведено е во клиничките тестирања.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести