spot_img
20.1 C
Skopje
среда, јуни 2, 2021
spot_img

Обвинение за дилер од Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 38 – годишен скопјанец поради сторено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

При претрес извршен од службени лица на 9 декември 2020 година, во спалната соба од семејната куќа на обвинетиот биле пронајдени  вкупно 16,40 грама наркотична дрога – хероин спакувана во 16 полиетиленски пакувања, потоа 4,22 грама наркотична дрога – марихуана спакувана во 3 пакувања и една дигитална вага.

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и посебен предлог за продолжување на определената мерка притвор за обвинетото лице, бидејќи постои основано сомнение дека обвинетиот може да се даде во бегство, дека може да ја попречува кривичната постапка и да влијае на сведоците, како  и страв дека ќе го повтори кривичното дело.​

Читај Следно

10,361FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести