spot_img
14.8 C
Skopje
вторник, јуни 1, 2021
spot_img

Кина ќе им овозможи на паровите да имаат три деца

Кина денес објави дека на секој пар во таа земја ќе им биде дозволено да имаат до три деца, откако неодамнешните податоци покажаа драматичен пад на бројот на раѓања во најнаселената земја во светот.

Во 2016 година Кина ја укина својата децениска одредба дека на паровите им е дозволено да имаат само едно дете и утврди дека можат да имаат две. Но, овој потег не резултираше со зголемување на стапката на наталитет, бидејќи трошоците за одгледување деца во кинеските градови се доста високи, па многу граѓани одлучија да останат со едно дете, пишува Ројтерс.

Кина – земја што старее
Според податоците на кинескиот попис, што се спроведува еднаш во десет години, бројот на жители во Кина има најмал раст од 1950-тите во последната деценија.

Во 2020 година, фертилитетот беше 1,3, односно Кинеските жени имале просечно 1,3 деца во плодниот период – што е слично на оние на претешно старите општества, како што се Јапонија и Италија.

Читај Следно

10,361FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести