spot_img
16.8 C
Skopje
понеделник, мај 31, 2021
spot_img

ЕРМЕНСКИТЕ ВОЈНИЦИ ПРОТЕРУВААТ АЗЕРБЕЈЏАНЦИ (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Конфликтите со силен интензитет на ерменско-азербејџанската граница траат веќе две недели. Азербејџанските сили влегоа на територијата на Ерменија на неколку точки по долгата граница, тврдејќи дека ерменските сили биле на територијата на Азербејџан. Во последните инциденти имаше пукотници, ранети, мртви, а шестмина ерменски војници беа заробени.

По повод честите инциденти, премиерот на Ерменија во заминување, Никол Пашинјан, неколку пати и се обрати на Москва поради инцидентите и провокациите на Азербејџан на територијата на Ерменија.

Двете страни тврдат дека спорната територија е нивна и не сакаат да се откажат. Франција и Соединетите држави постојано го поддржуваа ставот на Ереван за прашањето за геноцид, како и за неодамнешната војна во Карабах.

Објавени се нови видеа на YouTube, на кои се гледа како ерменските сили протеруваат азербејџански војници од територијата на Ерменија. Се слушаат силни извици и пукотници, а во одредени моменти може да се забележат ерменски војници ги удираат и пукаат кон Азербејџанцитесо цел да го напуштат спорното подрачје.

Читај Следно

10,361FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести