spot_img
18.8 C
Skopje
недела, мај 30, 2021
spot_img

СТРАШНО: Ерупција на втор вулкан во Конго (ВИДЕО)

Друг вулкан еруптираше денес на истокот на Демократска Република Конго, недалеку од вулканот Нјирагонго, по чија ерупција минатата недела загинаа најмалку 34 лица.

Вулканот Мурара се наоѓа во ненаселен дел од паркот Вирунга, и е мал вулкан, а Министерството за комуникации на Конго објави дека оваа вулканска ерупција е со мал интензитет и дека се наоѓа во ненаселена зона.

  • Вулканска ерупција со мал интензитет е пријавена денес на северната страна на Нјирагонго. Лавата тече во ненаселена зона во паркот Вирунгас, соопшти Министерството.

Вулканот Мурара се наоѓа на околу 25 километри од градот Гома. Регионот Гоме е место каде има интензивна вулканска активност, има шест вулкани каде најголеми се Нјирагонго и Нјамурагира, на надморска височина од 3.470 односно 3.058 метри.

Лава од вулканот Нјирагонго директно му се заканува на градот Гоми, главниот град на провинцијата Северен Киву, кој е изграден директно во подножјето на вулканот на брегот на езерото Киву. Тој вулкан избувна без предупредување минатата сабота.

Најмалку 34 лица беа убиени во ерупцијата, а меѓу 900 и 2.500 куќи беа уништени.
Огромна количина лава е исфрлена од вулканот, а еден поток стигнал до североисточното предградие на Гома.

Властите во четвртокот наредија евакуација на градот најмалку две недели поради ризик од нова ерупција и можно пристигнување на лава во градот.

Читај Следно

10,361FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести